АМЕРИКАНЦИТЕ ГЛАСААТ ВЕЌЕ СО НЕДЕЛИ, НО БРОЕЊЕТО ГЛАСОВИ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОЛГО ОД КОГА БИЛО

    АМЕРИКАНЦИТЕ ГЛАСААТ ВЕЌЕ СО НЕДЕЛИ, НО БРОЕЊЕТО ГЛАСОВИ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОЛГО ОД КОГА БИЛОНекои сојузни држави дозволуваат броењето гласови да почне неколку недели пред 3 ноември (Фото: АП)

    Доналд Трамп или Џо Бајден, Американците најверојатно нема да дознаат уште истата вечер кој победил откако утре ќе финишираат претседателските избори, кои се одржуваат среде најголемата здравствена криза во поновата историја на земјата. И тоа не мора да значи дека има неправилности, измами или нешто погрешно, како што знае да сугерира Трамп.

    „Мислам дека е ужасно што не можеме да ги знаеме резултатите од изборите во ноќта на изборите. Мислам дека е ужасно што на сојузните држави им е дозволено да ги бројат гласачките ливчиња долго откако гласањето завршило“, вели Трамп.

    Работата оваа година се усложнува со тоа што рекордна бројка луѓе, околу 95 милиони, веќе има гласано, голем дел од нив по пошта, па на изборните комисии ќе им треба подолго време да ги избројат гласовите. Секоја држава има различни правила за тоа кога може да почне броењето, што, пак, значи објавување резултати во различно време, можеби денови, дури и недели по Изборниот ден.

    Некои држави забрануваат броењето да почне пред 3 ноември, па изборните комисии утре ќе мора да процесуираат и досега невиден број гласачки ливчиња пристигнати по пошта, со што конечните резултати оваа година би можеле да се знаат покасно од вообичаено.

    „Официјалниот победник никогаш не се знае во изборната ноќ. Дури и да ја имаме најјасната ситуација, базирана врз проекции, тоа сѐ уште е неофицијално, без заверени резултати“, вели Едвард Фоли, професор по право на Државниот универзитет на Охајо.

    Очите најмногу ќе бидат вперени во Флорида, најголемата од таканаречените свинг или критични држави, каде што е дозволено броењето да почне и 22 дена пред Изборниот ден. Кој и да ја изгуби Флорида, тешко дека ќе може да собере 270 електорски гласови, потребни за победа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира