САД СО МЕТОДИ ОД ДИВ ЗАПАД БЛОКИРААТ И ПРЕЗЕМААТ МЕДИЦИНСКИ ЗАЛИХИ, СЕ ЖАЛАТ ДРЖАВИТЕ

    САД СО МЕТОДИ ОД ДИВ ЗАПАД БЛОКИРААТ И ПРЕЗЕМААТ МЕДИЦИНСКИ ЗАЛИХИ, СЕ ЖАЛАТ ДРЖАВИТЕАвион со над милион заштитни маски завчера пристигна од Кина на аеродромот во Бостон (Фото: Ројтерс)

    Европски и јужноамерикански држави ги обвинија САД за тактика на Див Запад, во која наддаваат или блокираат пратки со медицински залихи за купувачи кои веќе имале постигнато договори.

    Официјални лица од Германија и Франција кажаа дека САД плаќале далеку над пазарната цена за заштитни маски од Кина, нудејќи повисоки понуди од европските купувачи откако наводно тие веќе склучиле договори. Сличен инцидент пријави и бразилското министерство за здравство.

    „Парите се неважни. Тие плаќаат која било цена зашто се очајни. Американците сега нудат премногу пари“, изјави извор од германската влада.

    Владите во Европа и во Јужна и Северна Америка се во очајничка трка да ги пополнат залихите на неопходни медицински материјали додека се зголемува бројот на заразени со коронавирусот.

    Белата куќа наредила запирање на извозот на респиратори произведени во САД во Канада и Јужна Америка, што канадскиот премиер Џастин Трудо го опиша како „голема грешка која може да има последици“.

    Во друг случај, 200.000 маски произведени во Кина кои биле наменети за Германија биле запленети во Бангкок, откри германскиот министер за внатрешни работи Андреас Гајзел.

    „Тоа е чин на модерно пиратство. Дури и во времето на глобална криза никој не би требало да се служи со методи од Див Запад“, кажа Гајзел.

    Бразил се пожали дека Кина му откажала неколку нарачки откако Вашингтон испратил повеќе од 20 товарни авиони за да купи некои производи.

    „И ние имавме нарачки што беа откажувани во последен момент. На аеродромска писта, Американците вадат кеш и плаќаат три-четири пати повисока цена“, изјави Жан Ротнер, претседател на францускиот регион Гранд Ест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира