АНГЛИЈА СЕ ЗАТВОРА ДОМА ОД ЧЕТВРТОК, АВСТРИЈА ОД ВТОРНИК

    АНГЛИЈА СЕ ЗАТВОРА ДОМА ОД ЧЕТВРТОК, АВСТРИЈА ОД ВТОРНИККако што беше пролетта, и сега ќе мораме да се откажеме од многу работи, кажа австрискиот канцелар Себастијан Курц во телевизиско обраќање. (Фото: Гети)

    Англија се затвора од четврток на месец дена, а британскиот премиер Борис Џонсон кажа дека дејствувањето сега може да помогне фамилиите да бидат заедно за Божик. Пабовите, рестораните, теретаните и религиозните објекти ќе бидат затворени, но училиштата и универзитетите ќе останат отворени. Џонсон ќе се обрати во парламентот утре, а гласањето на пратениците за предложените мерки за заштита од ковид-19 е закажано за среда.

    Австрија и Португалија, исто така, најавија нови рестрикции во обид да се спречи ширењето на коронавирусот. Во Австрија, ограничувањата вклучуваат полициски час од 20 до 6 часот. Кафулињата и рестораните ќе работат само со достава. Рестрикциите, соопштени вчера, ќе стапат во сила од вторник и ќе траат до крајот на ноември. Во Португалија, ограничувањата ќе важат во 70% од земјата, вклучувајќи ги Лисабон и Порто. Од луѓето се бара да останат дома, освен за работа, училиште и основни работи. Продавниците ќе затвораат во 22 часот. Мерките ќе важат две недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира