АНТИИМИГРАНТСКАТА ПАРТИЈА НА ЈАНЕЗ ЈАНША ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, НО НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА

    АНТИИМИГРАНТСКАТА ПАРТИЈА НА ЈАНЕЗ ЈАНША ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, НО НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДАТешко ќе најде коалициони партнери. - Јанез Јанша (Фото: Ројтерс)

    Антиимигрантска, досега опозициска партија победи на парламентарните избори во Словенија, освојувајќи 25 проценти од гласовите.

    Сепак, Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, веројатно, нема да успее да формира влада, бидејќи поради тврдата политика за имиграцијата нема да најде доволно коалициони партнери. Ова го призна и самиот Јанша.

    „Веројатно ќе треба да почекаме некое време пред да почнат сериозни преговори за формирање влада“, кажа Јанша по гласањето.

    Словенците го следат примерот на Полска и Унгарија, па се свртеа кон партии кои се противат на примање азиланти врз основа на квота.

    „Нашата партија ги става Словенија и Словенците на прво место. Ние сме отворени за соработка, Словенија се соочува со времиња кои бараат да се соработува“, вели Јанша.

    Тој беше премиер од 2004 до 2008 и потоа повторно во 2012-13 година и сега најави намалување на даноци и забрзување на приватизацијата. Помина и шест месеци во затвор во 2014 година за примање мито.

    Изборите беа свикани во март, откако премиерот Миро Церар поднесе оставка. Неговата партија сега освои само десет места во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира