АНТИМИГРАНТСКАТА ПОЛИТИКА ГИ НОСИ КУРЦ И КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ВЛАСТ ВО АВСТРИЈА

    АНТИМИГРАНТСКАТА ПОЛИТИКА ГИ НОСИ КУРЦ И КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ВЛАСТ ВО АВСТРИЈАСо 31 година, ќе биде најмладиот канцелар досега. - Себастијан Курц при посетата на бегалскиот камп во Гевгелија (Фото: СДК)

    По Германија, и во Австрија се очекува подем на крајната десница, на која ѝ се даваат најголеми шанси за триумф на денешните парламентарни избори.

    Анкетите на првото место ја ставаат Народната партија (ОВП), предводена од 31-годишнииот министер за надворешни работи Себастијан Курц, која се очекува да освои една третина од гласовите. Тоа би го направило Курц најмлад канцелар во историјата на Австрија.

    Десницата, несомнено, ќе биде во мнозинство во новиот состав на парламентот, бидејќи се предвидува една четвртина од гласовите да освои Слободарската партија, формирана од бивши нацисти во 1956 година.

    Умерената опција, социјалдемократите, се дури на третото место.

    Курц се здоби со голема популарност, откако партијата која доминираше на австриската политичка сцена повеќе од 70 години ја трансформираше во националистичка, настроена против илегалните имигранти.

    Се очекува ОВП да коалицира со Слободарската партија, која е уште порадикална. Нејзиниот лидер Хајнц-Кристијан Штрахе дури повика на забрана на „фашистичкиот ислам“.

    „Не сакаме морони во нашата влада“, порача Штрахе.

    Во 2015 година, Австрија, која има 8,7 милиони жители, прими околу 90.000 азиланти, главно, Сиријци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира