АРГЕНТИНСКАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА ДЕ КИРХНЕР ИЗБЕГНА АТЕНТАТ ОТИ ПИШТОЛОТ СЕ ЗАГЛАВИЛ

    АРГЕНТИНСКАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА ДЕ КИРХНЕР ИЗБЕГНА АТЕНТАТ ОТИ ПИШТОЛОТ СЕ ЗАГЛАВИЛСнимките од социјалните мрежи покажуваат маж кој држи пиштол на само неколку сантиметри од главата на Де Кирхнер (Фото: АП)

    Аргентинската потпретседателка Кристина Фернандес де Кирхнер избегна атентат откако пиштолот што бил вперен во неа се заглавил.

    Де Кирхнер ги поздравувала своите приврзаници пред својот дом кога од масата излегол маж, кој ѝ вперил пиштол во лицето. Нејзиниот сопруг, претседателот Алберто Фернандес, изјави дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но се заглавил кога требало да пука.

    Де Кирхнер се враќала од суд, бидејќи се наоѓа среде судење за корупција.

    Кристина и натаму е жива, зашто од сè уште неутврдена причина, пиштолот во кој имало пет куршуми не пукал. Ова е еден од најсериозните инциденти од враќањето на демократијата во земјата во 1983. Можеме да не се согласуваме, но нема место за говор на омраза, зашто тој поттикнува насилство“, изјави претседателот Фернандес.

    Тој го прогласи денешниот ден за национален празник, за да можат Аргентинците да ги слават животот и демократијата и да се солидаризираат со неговата сопруга.

    Снимките од социјалните мрежи покажуваат маж кој држи пиштол на само неколку сантиметри од главата на Де Кирхнер, при што се обидува да пука. Таа ја наведнува главата, но пиштолот не испукува. Напаѓачот потоа бил совладан од обезбедувањето. 

    Во изминатите денови, стотици демонстранти се собираа пред домот на 69-годишната Де Кирхнер додека ѝ се суди за корупција од периодот кога беше претседателка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира