АСАНЖ СЕ ВРАТИ ДОМА ВО АВСТРАЛИЈА ПО 14-ГОДИШНА ПРАВНА БИТКА

    АСАНЖ СЕ ВРАТИ ДОМА ВО АВСТРАЛИЈА ПО 14-ГОДИШНА ПРАВНА БИТКАНа аеродромот во Канбера Асанж беше пречекан од сопругата Стела (Фото: АП)

    Конечно слободен“, објави Викиликс откако авионот на Џулијан Асанж слета во Канбера, со што беше ставен крај на неговото 14-годишно патешествие.

    Ова следува по сослушувањето на Асанж во судот на пацифичкиот остров Саипан, каде што во договор со американското министерство за правда ја призна вината за едно кривично дело во врска со објавувањето на стотици илјади доверливи воени и дипломатски документи, по што беше ослободен и отпатува во родната Австралија.

    На аеродромот во Канбера Асанж беше пречекан од сопругата Стела и татко му Џон Шиптон.

    Милиони луѓе од целиот свет го овозможија ова, здружувајќи се да го променат политичкото окружување. Ова е победа на сите поддржувачи на Асанж“, изјави претходно Стела Асанж.

    Асанж помина пет години во затвор во Лондон и седум години во еквадорската амбасада во Велика Британија, борејќи се против екстрадиција во САД, каде што беше баран за 18 кривични дела според законот за шпионажа.

    Работејќи како новинар, јас го охрабрував мојот извор да ми обезбедува доверливи документи, со цел да бидат објавени. Верував дека Првиот амандман ја штити таа активност, но прифаќам дека тоа беше кршење на законот за шпионажа“, кажа Асанж на денешното сослушување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира