„АСТРАЗЕНЕКА“ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО НА СВОЈАТА КОВИД ВАКЦИНА ВО „ВАКСЗЕВРИЈА“

    „АСТРАЗЕНЕКА“ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО НА СВОЈАТА КОВИД ВАКЦИНА ВО „ВАКСЗЕВРИЈА“Промената на името била одобрена на 25 март (Фото: Гети)

    Вакцината против ковид-19 развиена од Оксфорд и „АстраЗенека“ отсега ќе се вика „Ваксзеврија“, објави Шведската агенција за лекови, повикувајќи се на податоците од Европската агенција за лекови (ЕМА).

    Самата вакцина останува непроменета и Шведската агенција кажа дека ова ќе биде важно при пакувањето и рекламирањето. Промената на името била одобрена на 25 март.

    Вакцината на „АстраЗенека“ е една од главните теми на дискусија веќе неколку недели, прво зашто компанијата не ги испочитува договорите за испорака во Европска Унија, а потоа нејзината употреба привремено беше прекината во некои држава откако беше поврзана со појава на тромбоза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира