АВИОН „БОИНГ 737“ СЕ УРНАЛ И ЕКСПЛОДИРАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ХАВАНА

    АВИОН „БОИНГ 737“ СЕ УРНАЛ И ЕКСПЛОДИРАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ХАВАНААвионот бил на државната компанија „Кубана“ (Фото: АФП)

    Авион „боинг 737“ се урнал и експлодирал на меѓународниот аеродром „Хосе Марти“ во Хавана, јавуваат кубанските медиуми.

    Авионот на државната компанија „Кубана де авијасион“ се урнал набргу по полетувањето. Радиото „Хавана Куба“ објави дека авионот требало да лета на локалната линија Хавана-Холгуин.

    Сведоци кажаа за агенцијата АФП дека виделе голем густ чад во близина на аеродромот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира