АВИОН НА „АУСТРИАН“ ОСТАНА БЕЗ НОС ОТКАКО ПОМИНА НИЗ БУРА СО ГРАД, БЕЗБЕДНО СЛЕТА ВО ВИЕНА

    АВИОН НА „АУСТРИАН“ ОСТАНА БЕЗ НОС ОТКАКО ПОМИНА НИЗ БУРА СО ГРАД, БЕЗБЕДНО СЛЕТА ВО ВИЕНАЗа време на инцидентот, носот и метеоролошкиот радар претрпеа тешки штети, а напукна и ветробранското стакло во пилотската кабина. (Фото: Икс/Егзитхамстер)

    Авион на „Аустриан Ерлајнс“ беше оштетен откако помина низ бура со град за време на летот од Палма де Мајорка до Виена во неделата на 9 јуни. Ниеден од патниците не е повреден.

    Станува збор за авион Ербас А320, стар 23 години.

    По инцидентот, авионот продолжи да лета уште 20-30 минути и слета безбедно на аеродромот во Виена. (Фото: Икс/Егзитхамстер)

    Авионот полета од Палма де Мајорка во 15.55 часот и се искачи на 34.000 стапки над Средоземното море. За време на инцидентот, на приодот кон Виена, носот и метеоролошкиот радар претрпеа тешки штети, а напукна и ветробранското стакло во пилотската кабина.

    Компанијата соопшти дека фронтот од градоносните облаци не бил видлив на радарот во процесот на спуштање. Авионот слета безбедно на аеродромот во Виена, каде што беше пречекан од возила за брза интервенција, противпожарни и амбулантни коли, но патниците го напуштиле леталото во нормална процедура преку скали. Тие сведочеа дека при слетувањето авионот се тресел повеќе од вообичаено, но дури кога слетале виделе дека ветробранските стакла се скршени и дека фали дел од клунот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира