АВИОН НА „РАЈАНЕР“ ПРИНУДНО СЛЕТА ВО ФРАНЦИЈА ПОРАДИ ПОЖАР, ЛЕТАШЕ ОД МАНЧЕСТЕР ЗА ПОРТУГАЛИЈА

    АВИОН НА „РАЈАНЕР“ ПРИНУДНО СЛЕТА ВО ФРАНЦИЈА ПОРАДИ ПОЖАР, ЛЕТАШЕ ОД МАНЧЕСТЕР ЗА ПОРТУГАЛИЈААвионот нагло се спушти од 12,5 километри на 2 километри за седум минути. (Фото: Твитер)

    Авион на „Рајанер“ беше принуден да слета во Франција во понеделникот навечер откако избил пожар во кабината. Летот ФР4052 полета од Манчестер во 7.33 часот и требаше да слета во Фаро, Португалија, околу 10.30 часот

    Но, пилотите мораа принудно да слетаат во Брест во западна Франција поради пожар во авионот.  Авионот Боинг 737-800 беше пречекан на пистата во Брест од неколку противпожарни возила, а полицајци ги однесоа патнициците во автобус со кој стигнаа до аеродромскиот терминал.

    Според сајт за следење летови, авионот нагло се спуштил од 12,5 километри на 2 километри над земјата за само седум минути околу 8.15 часот, што предизвика сомнежи дека можеби е изгубен притисокот во кабината. 

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира