Авион на „Визер“, што летал од Лондон до Софија, бил придружуван од унгарски борбен авион до Будимпешта по закана за бомба. Авионот бил принуден да слета итно на меѓународниот аеродром „Франц Лист“ во Будимпешта.
„Тамошните власти ги извршиле потребните безбедносни проверки на авионот и патниците. При инспекцијата ништо не е пронајдено“, изјави портпаролот на „Визер“, додавајќи дека авионот повторно ќе полета.
Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сендиш потврди дека неговата земја испратила борбен авион за придружба на летот.
„По добивањето на заканата со бомба, авионот на ‘Визер‘ побарал дозвола за слетување на аеродромот во Будимпешта. Во рок од неколку минути, борбен авион ’грипен‘ на унгарските одбранбени сили полета и го придружуваше патничкиот авион“, рече тој.



