Авион на „Ер Индија“ кој летал за Лондон се урна близу аеродромот во Ахмедабад во Индија. Локалната полиција објави дека во авионот имало 244 луѓе, вклучувајќи ги членовите на екипажот и наводно паднал во населена област.
„Ер Индија“ потврди дека авионот „боинг 787-8 дримлајнер“ летал за аеродромот „Гетвик“ во Лондон.
Сајтот за следење авионски летови „Флајтрадар24“ објави дека контакт со авионот бил изгубен помалку од една минута по полетувањето.
„Мобилизирани се сите спасувачки тимови. Сите се ставени во состојба на највисока готовност. Авионот се урна надвор од периметарот на аеродромот“, соопшти индиското министерство за авијација.