АВИОН СО 62 ПАТНИЦИ СЕ УРНА ВО БРАЗИЛ

    АВИОН СО 62 ПАТНИЦИ СЕ УРНА ВО БРАЗИЛНа социјалните мрежи се појавија снимки од падот на авионот (Фото: Икс)

    Авион со 62 патници се урна денеска во бразилската сојузна држава Сао Пауло и засега е нејасно дали има преживеани. Локалниот пожарникарски оддел потврди дека авионот паднал во градот Вињедо, без да изнесе други детали.

    Бразилската телевизија „Глобоњуз“ објави снимка од голема запалена површина и чад како излегува од трупот на авионот. Друга снимка покажува како авионот паѓа вертикално и спирално.

    Авион од типот „АТР-72“ на авиокомпанијата „Воепас лињас ареас“ летал од Каскавел во сојузната држава Парана кон Гваруљош во Сао Пауло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира