Авионот што го превезуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски од Молдавија до Осло речиси бил погоден од дрон, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
„Неговиот лет речиси беше погоден од дрон кога полетуваше од Молдавија. Тоа е реалноста во која живее“, изјави Сторе, без да даде дополнителни детали за инцидентот.
Зеленски патуваше за Осло за погребот на норвешкиот крал Харалд, а оттаму замина за Канада.
Портпаролот на молдавската влада кажа дека летот на Зеленски доцнеше откако властите го затвориле воздушниот простор над земјата поради тревога за дронови. Два руски дрона влегле во молдавскиот воздушен простор, кажаа властите, од кои еден паднал во поле северно од главниот град Кишињев, а другиот продолжил во воздушниот простор на Романија.
Молдавската претседателка Маја Санду ги осуди упадите на беспилотни летала како сериозна закана за животите на луѓето. Ова следува откако две лица загинаа на граничен премин меѓу Украина и Молдавија, кој беше погоден од руски дрон.



