Авионот на Туркиш ерлајнс на летот ТК 1006, што вечерва требаше од Скопје да слета во Истанбул е пренасочен кон аеродромот во Измир, покажуваат податоците на специјализираниот воздухопловен портал flightradar24.com.
Еден од двата истанбулски аеродроми „Ататурк“ е затворен за сообраќај откако попладнево беше нападнат од двајца бомбаши самоубијци при што загинаа најмалку 10 луѓе, а 20 се повредени.
Според изјавата на министерот за правда Бекир Боздаг убиени се двајца бомбаши самоубијци. Боздаг рекол дека еден од напаѓачите прво отворил оган со калашников, а потоа се разнесол со експлозив на влезот на аеродромската зграда.
Експлодирале две бомби. Едната експлозија била на тротоарот пред терминалот, а другата на влезот каде што е сигурносната контрола на патници.
Властите изјавија дека ниедна бомба не експлодирала во самата аеродромска зграда.