АВСТРАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ СМИРИЈА ЗА 550 МИЛИОНИ ЕВРА ОТКАКО СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ОТКАЖАНИТЕ ПОДМОРНИЦИ

    АВСТРАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ СМИРИЈА ЗА 550 МИЛИОНИ ЕВРА ОТКАКО СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ОТКАЖАНИТЕ ПОДМОРНИЦИАвстралија требаше да купи подморници од Франција вредни десетици милијарди долари (Фото: Гети)

    Австралија се согласи да ѝ плати отштета на Франција од 550 милиони евра откако претходната влада го поништи договорот за купување подморници, што предизвика голема криза во односите помеѓу двете земји. Премиерот Ентони Албениз кажа дека со тоа се става крај на спорот околу откажаниот проект вреден десетици милијарди долари.

    Новата лабуристичка влада даде поддршка за безбедносниот пакт АУКУС, што Австралија го создаде во септември минатата година со САД и Велика Британија, кои ѝ ветија осум подморници на нуклеарен погон и соработка на други напредни технологии.

    Начинот на кој тоа беше изведено предизвика огромна тензија во односите помеѓу Австралија и Франција. Ова е фер и правичен договор, преку кој повторно можеме да воспоставиме подобри односи со Франција“, изјави Албениз.

    Договорот го поздрави и францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну.

    Ова ни дозволува да свртиме нов лист во нашите билатерални односи и да гледаме кон иднината“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира