АВСТРАЛИЈА ОЧЕКУВА ДА СТАНЕ ПРВА ЗЕМЈА КОЈА ГО ИСКОРЕНИЛА РАКОТ НА МАТКА

    АВСТРАЛИЈА ОЧЕКУВА ДА СТАНЕ ПРВА ЗЕМЈА КОЈА ГО ИСКОРЕНИЛА РАКОТ НА МАТКАНаучниците велат дека одличните резултати се должат на успешните национални превентивни програми

    Австралија е на прагот да стане првата земја на светот која целосно ќе го искорени ракот на матка, ако продолжи со ова ниво на вакцинација и превентивни прегледи, покажа истражувањето на Советот за рак на Нов Јужен Велс. Според него, оваа болест би можела да биде искоренета како јавен здравствен проблем во наредните 20 години.

    Се очекува тој да биде оквалификуван како редок тип на канцер во Австралија до 2022 година, кога стапката ќе падне на шест случаи на 100.000 луѓе. Научниците велат дека ова се должи на успешните национални превентивни програми.

    Во 2007 година, Австралија стана една од првите земји кои ја воведоа задолжителната програма за вакцинирање на девојчиња, Хуман папилома вирус (ХПВ). Програмата потоа беше проширена и на момчиња. Тоа се надоврза на националната скрининг програма, воведена во 1991 година.

    Ракот на матката е четвртиот најчест тип на рак кај жените и има висок степен на смртност во светот, според Светската здравствена организација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира