АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ПРОНАЈДЕ 4-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ИСЧЕЗНА ПРЕД 18 ДЕНА И ЗА КОЕ РАСПИША НАГРАДА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ

    АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ПРОНАЈДЕ 4-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ИСЧЕЗНА ПРЕД 18 ДЕНА И ЗА КОЕ РАСПИША НАГРАДА ОД МИЛИОН ДОЛАРИКлио Смит е веќе вратена кај родителите откако била пронајдена во заклучена куќа

    Четиригодишното девојче кое пред 18 дена исчезна од камп во Западна Австралија е пронајдено живо и здраво во заклучена куќа, објави полицијата. Клио Смит последен пат била видена во шаторот на нејзиното семејство во утринските часови на 16 октомври, по што беше покрената масовна потрага, а властите понудија награда од милион долари за нејзино пронаоѓање.

    Следејќи форензички докази, полицијата утрово упаднала во куќа во градот Карнарвон, во чија близина се наоѓа кампот. Притоа е приведен 36-годишен маж.

    „Клио е пронајдена во една од собите. Кога еден полицаец ја зеде во раце, таа се претстави како Клио Смит. Таа прими лекарска помош и изгледаше добро со оглед на сите околности“, изјави Кол Бленч, заменик командир во полицијата на Западна Австралија.

    Девојчето е веќе вратено кај родителите.

    „Нашето семејство е повторно цело“, напиша нејзината мајка Ели на Инстаграм.

    Властите кажаа дека притворениот маж не е во никаква врска со семејството Смит и засега не се покренати обвиненија. Куќата во која е пронајдена Клио се наоѓа на шест минути возење од кампот.

    „Ова се прекрасни, олеснувачки вести. Мислам дека цела Австралија се радува“, напиша премиерот Скот Морисон на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира