АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА РАЗБИ ШВЕРЦ СО ГУШТЕРИ И ЗМИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 800 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

    АВСТРАЛИСКАТА ПОЛИЦИЈА РАЗБИ ШВЕРЦ СО ГУШТЕРИ И ЗМИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 800 ИЛЈАДИ ДОЛАРИПолицијата соопшти дека пронашла вкупно 257 гуштери и три змии во текот на истрагата. (Фото: Полиција на Нов Јужен Велс)

    Австралиската полиција разби шверцерски синџир со кој се  пренесувале домашни гуштери и змии во Хонкгонг, во вредност од повеќе од 800 илјади американски долари. Просечната вредност на еден гуштер е 3.350 долари.

    Во Сиднеј се уапсени тројца мажи на возраст од 54, 59 и 31 година и една жена на возраст од 41 година, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Сите четворица осомничени членови на групата треба да се појават на суд во текот на месецов.

    Полициската операција почна во септември 2023, кога девет пакети со 59 живи гуштери беа запрени на пат кон Хонгконг.

    „На суд полицијата ќе тврди дека криминалната група фаќала живи гуштери и домородни австралиски влекачи за да ги извезува за профит во Хонгконг. Животните беа чувани во лоши услови и врзани во мали контејнери. Така биле спакувани за да бидат испратени“, соопшти полицијата.

    Полицијата кажа дека пронашла вкупно 257 гуштери и три змии во текот на истрагата, и во пакети и на домашни адреси на осомничените.

    „Влекачите беа однесени во повеќе зоолошки градини и паркови за животински свет за да бидат проверени од ветеринар пред да бидат ослободени назад во дивината“, се вели во полициското соопштение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира