АВСТРАЛИСКИОТ СЕНАТ ИЗГЛАСА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 16 ГОДИНИ

    АВСТРАЛИСКИОТ СЕНАТ ИЗГЛАСА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 16 ГОДИНИПремиерот Албаниз кажа дека законот има за цел да ги заштити младите од штетноста на социјалните мрежи (Фото: Гети)

    Австралискиот Сенат го усвои најстрогиот закон за социјални мрежи на светот, кои, според него, ќе им бидат забранети на децата под 16 години. Забраната, која нема да стапи на сила најмалку 12 месеци, предвидува казни за технолошките компании до 32 милиони долари ако не го почитуваат законот.

    Премиерот Ентони Албаниз кажа дека законот има за цел да ги заштити младите од штетноста на социјалните мрежи, на што предупредуваа многумина родители. Критичарите на законот се прашуваат како забраната би функционирала.

    Ова не е прв случај во светот да се ограничува употребата на социјални мрежи, но Австралија постави највисока возрасна граница и забраната се однесува и на оние деца кои би добиле согласност од родителите.

    „Ова е глобален проблем и ние сакаме младите Австралијци да имаат вистинско детство. Сакаме родителите да бидат мирни“, вели Албаниз.

    Нацрт-законот сега треба да помине и во Претставничкиот дом на австралискиот парламент, каде што владата има мнозинство, пред да стане закон.

    Минатата година, Франција воведе закон за блокирање на пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години кои немаат родителска согласност за користење, иако истражувањата покажуваат дека речиси половина од корисниците можеле да ја избегнат забраната со помош на ВПН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира