АВСТРИЈА ГИ ЗАБРАНИ АВИОНСКИТЕ ЛЕТОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    АВСТРИЈА ГИ ЗАБРАНИ АВИОНСКИТЕ ЛЕТОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТАеродромот во Виена отсега нема да прима авиони од 18 држави

    Австрија ги забрани авионските летови од Македонија, проширувајќи ја веќе постоечката листа со нови десет држави.

    Како што објави тамошното министерство за здравство, новата одлука се однесува на сите шест земји од Западен Балкан, како и на Бугарија, Романија, Молдавија и Египет, а се должи на порастот на бројот на нови случаи на коронавирус.

    Во прв момент, австриската влада ги забрани авионските летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Шведска, Русија и Украина, а како исклучок се наведени здравствени и сезонски земјоделски работници. На листата досега беше и италијанскиот регион Ломбардија, но летовите ќе бидат обновени од задутре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира