АВСТРИЈА ПРОТЕРА ЧЕТВОРИЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ НЕДОЗВОЛЕНИ АКТИВНОСТИ

    АВСТРИЈА ПРОТЕРА ЧЕТВОРИЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ НЕДОЗВОЛЕНИ АКТИВНОСТИАвстриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер нареди сите четворица веднаш да ја напуштат земјата. (Фото: Австриско МНР)

    Австриското Министерство за надворешни работи одлучи да протера четворица руски дипломати, прогласувајќи ги за персона нон грата.
    Дипломатите вршеле активности што не биле во согласност со нивниот дипломатски статус, соопшти министерството, а пренесоа австриските медиуми.

    Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер нареди сите четворица веднаш да ја напуштат земјата, јави австриската новинска агенција АПА.

    Тројца од службениците работат во руската амбасада во Виена, додека четвртиот е член на руската делегација во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

    Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Дмитриј Љубински, по протерувањата најави дека неизбежно ќе следи соодветна реакција од Москва.

    Според податоците на украинското надворешно разузнавање, европските земји протераа повеќе од 700 руски службеници од дипломатските претставништва откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

    Истражување на рускиот медиум „Агенство“ покажува дека речиси 20 отсто од руските дипломати стационирани во Австрија се поврзани со разузнавачките служби на Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира