АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА КОЈА ТАНЦУВАШЕ СО ПУТИН НА СВОЈАТА СВАДБА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО РУСИЈА

    АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА КОЈА ТАНЦУВАШЕ СО ПУТИН НА СВОЈАТА СВАДБА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО РУСИЈАПутин беше гостин на свадбата на Карин Кнајсл во 2018 (Фото: АП)

    Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, која танцуваше со Владимир Путин на својата свадба во 2018, се пресели во Санкт Петербург, каде што ќе води истражувачки институт. Педесет и осумгодишната Кнајсл објави на Телеграм дека заминала за Русија заедно со своите коњчиња. Тие досега биле чувани во Сирија, а во Русија биле превезени со руски воен авион.

    Кнајсл беше министерка од 2017 до 2019 како кадар на крајнодесничарската Слободарска партија и во тоа време често беше критикувана за своите проруски ставови.

    Во јуни 2022 се преселив од Марсеј во Бејрут сосе моите книги, облека и коњчиња откако бев избркана од Франција. Во Санкт Петербург го основав центарот ‘Горки‘ и одлучив да се преселам во Русија зашто работата во овој институт ми одзема многу време“, изјави Кнајсл за време на Источниот економски форум во Владивосток, на кој учествуваше и Путин.

    Според неа, центарот „Горки“ се бави со прашања како енергетика, миграција и нови сојузи.

    Бидејќи во Германија и Австрија ништо не се случува покрај економската криза, мојата преселба стана политичко прашање“, кажа таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира