АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ ПОД ИСТРАГА ПОРАДИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈА

    АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ ПОД ИСТРАГА ПОРАДИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈАСкандалот датира од периодот кога Курц доаѓа на власт во Австрија (Фото: АФП)

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц се наоѓа под истрага поради тврдењата дека владини пари биле користени во коруптивна зделка за да се обезбеди позитивно известување во еден таблоиден весник, објавија обвинителите. Тие извршиле претрес на повеќе локации, што опфати и двајца владини министри.

    Министерот за финансии Гернот Блумел потврди дека имало претрес во неговото министерство, а локалните медиуми објавија дека обвинителите упаднале и во седиштето на Курц.

    „Курц и уште деветмина поединци, како и три организации, се наоѓаат под истрага во врска со овој скандал“, потврдија обвинителите.

    Обвинувањата датираат од периодот меѓу 2016 и 2018 година, кога „средства на министерството за финансии биле користени за финансирање на делумно манипулирани анкети за јавно мислење, што служело исклучиво за интересите на една политичка партија“. Ова се совпаѓа со периодот кога Курц го презема водството на Народната партија и потоа формира коалициска влада со крајнодесничарската Слободарска партија.

    Обвинителите велат дека неименувана медиумска компанија примила исплати во замена за објавување на овие анкети. Австриските медиуми информираа дека станува збор за таблоидот „Естерајх“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира