АВТОБУС ПАДНА ОД КАРПА ВО ПЕРУ, ЗАГИНАА 48 ОД 55 ПАТНИЦИ

    АВТОБУС ПАДНА ОД КАРПА ВО ПЕРУ, ЗАГИНАА 48 ОД 55 ПАТНИЦИАвтобусот излетал од патот на озлогласениот Ѓаволски свијок, по што паднал на плажа (Фото: ЕПА)

    Најмалку 48 луѓе загинаа, откако автобус излета од патот и падна од 100 метри висока карпа во Перу, соопштија официјални лица.

    Министерството за здравство објави дека од целосно уништениот автобус, кој се превртувал пред да падне на плажа, се извлечени само шест преживеани.

    Несреќата се случила на озлогласениот Ѓаволски свијок во Пасамајо, северно од главниот град Лима. Патот што поминува долж Атлантскиот Океан е изложен на силни ветрови и се смета за најопасен во Перу.

    Според локалните медиуми, во автобусот имало 55 луѓе.

    „Ова е болно за целата држава, ова е несреќа од невидени размери“, изјави претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински.

    Според првичните информации, автобусот се судрил со друго возило, по што возачот изгубил контрола и излетал од патот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира