АВТОМОБИЛ УДРИ СТУДЕНТКА НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД И ТЕШКО ЈА ПОВРЕДИ

    АВТОМОБИЛ УДРИ СТУДЕНТКА НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД И ТЕШКО ЈА ПОВРЕДИПротив возачот е покренато обвинение за тешко убиство во обид (Фото: Н1)

    Вишото јавно обвинителство отвори истрага против возачот кој денеска удри студентка за време на блокада на сообраќајот во Белград и неколку метри ја носеше на покривот на автомобилот, по што таа падна на асфалтот. Триесет и осумгодишниот возач избега од местото на настанот, за подоцна да биде приведен.

    Студентката на Правниот факултет се наоѓала на тротоарот кога била удрена од автомобилот. Таа со тешки повреди, но во свесна состојба била превезена во болница, а против возачот е покренато обвинение за тешко убиство во обид. На него му е одреден притвор од 48 часа.

    Инцидентот се случи на еден од студентските протести кои траат од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември, кога во падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 луѓе. Откако почнаа протестите имаше бројни инциденти, но ова е првпат да резултира со сериозна повреда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира