Најмалку десет лица загинаа во Њу Орлеанс откако автомобил влета меѓу поголема група луѓе, објавија локалните власти. Инцидентот се случи во раните часови од новата година во популарната улица Бурбон во историскиот Француски Кварт.
Еден очевидец изјави дека возилото со голема брзина влетало меѓу луѓето, по што возачот излегол од него и почнал да пука. Полицијата возвратила на пукањето.
Првичните информации кажуваат дека се повредени најмалку 30 луѓе.