„БАЕР“ ЌЕ ИСПЛАТИ 10,9 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ТВРДЕЊАТА ДЕКА НЕГОВ ХЕРБИЦИД ПРЕДИЗВИКУВА РАК

    „БАЕР“ ЌЕ ИСПЛАТИ 10,9 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ТВРДЕЊАТА ДЕКА НЕГОВ ХЕРБИЦИД ПРЕДИЗВИКУВА РАКНајпознатиот светски уништувач на плевел беше предмет на 125.000 судски спорови (Фото: Гети)

    Фармацевтско-хемискиот гигант „Баер“ ќе исплати 10,9 милијарди долари како спогодба за илјадниците тврдења дека неговиот популарен хербицид „раундап“ предизвикува рак.

    Производот на база на глисофат беше предмет на 125.000 судски спорови, кои се обидоа да докажат дека тој има канцерогени ефекти. Њујоршката адвокатска фирма „Велц и Лаксенберг“ соопшти дека е постигната согласност во име на околу 100.000 луѓе. „Баер“ ги негираше обвинувањата, но се согласи да плати „за да стави крај на неизвесноста“.

    „Раундап“ оригинално беше лансиран од американската компанија „Монсанто“, која беше купена од „Баер“ пред две години за 63 милијарди долари. Откако се појави на пазарот пред повеќе од четири децении, тој важеше за најпознатиот светски уништувач на плевел.

    „Ова беше долго патување, но задоволни сме што остваривме правда за десетици илјади луѓе, кои, не по нивна вина, страдаа од лимфом и други видови рак откако користеле производ на ‘Монсанто‘, за кој биле уверувани дека е безбеден“, соопштија од „Велц и Лаксенберг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира