БАГЕРИТЕ ПРЕЧЕКАНИ СО ШАМПАЊ И ЦВЕЌИЊА ОТКАКО ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИ КАЈ МАКАРСКА

    БАГЕРИТЕ ПРЕЧЕКАНИ СО ШАМПАЊ И ЦВЕЌИЊА ОТКАКО ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИ КАЈ МАКАРСКААктивистите се бореа со години против самоволието на инвеститорот Стипе Латковиќ (Фото: Твитер)

    Хрватските власти започнаа со уривањето на седум бесправно изградени објекти во заливчето Вруја кај Макарска, против кои активистите се бореа со години. Тие утрово наздравуваа со шампањ и фрлаа цвеќиња, додека пристигнуваа багери, камиони и полиција.

    Ги завршивме сите законски процедури и почнуваме да го отстрануваме првиот од седумте нелегално изградени објекти во заливчето Вруја“, изјави главниот државен инспектор Андрија Микулиќ.

    Во акцијата ќе бидат отстранети и бетонско џакузи, бетонски брег и пристапниот пат, по кој со автомобил можеше да се дојде до заливот.

    Хрватските медиуми објавија дека објектите му припаѓаат на инвеститорот Стипе Латковиќ. Тој со години бесправно градел и надоградувал во оваа област, а незадоволните граѓани дури го организираа Фестивалот на бесправно градење и уништување на природата, со цел да предупредат на самоволието на инвеститорите и на инертноста на државата. Вруја на тој начин стана еден од најпрепознатливите примери на бесправно градење во Хрватска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира