БАЈДЕН ЈА ИЗБРА КАМАЛА ХАРИС ЗА КАНДИДАТКА ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САД

    БАЈДЕН ЈА ИЗБРА КАМАЛА ХАРИС ЗА КАНДИДАТКА ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САДКамала Харис е сенаторка од Калифорнија и е првата Афроамериканка номинирана за потпретседателка на САД од голема партија. (Фото: АП)

    Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој ќе биде номиниран за кандидат за претседател на САД од Демократската партија, ја избра сенаторката Камала Харис од Калифорнија за кандидатка за потпретседателка. Со овој избор, Харис (55) е трета жена и прва кандидатка што е афро-американка и азиско-американка што е номинирна за потпретседателка од една од двете големи партии. Таа е дете на Јамајканец и Индијка.

    „Ова не се нормални времиња. Ми треба некој да работи покрај мене кој е паметен, цврст и спремен да води. Камала е таа личност“, рече 77-годишниот Бајден осврнувајќи се на пандемијата со коронавирус и барањата за расна правда.

    Харис твитна дека е почестена да му се придружи на Бајден и дека тој „ќе го обедини американскиот народ оти го минал животот борејќи се за нас. А ако претседател, ќе изгради Америка која живее според нашите идеали“.

    Бајден исто така се осврна и на пријателството на Харис со неговиот покоен син Бо. Харис и Бо Бајден беа државни обвинители во исто време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира