БАЈДЕН КАЖА ДЕКА ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ, КРЕМЉ МУ ОДГОВОРИ ДЕКА ТОЈ НЕ РЕШАВА ЗА ТОА

    БАЈДЕН КАЖА ДЕКА ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ, КРЕМЉ МУ ОДГОВОРИ ДЕКА ТОЈ НЕ РЕШАВА ЗА ТОАБајден ја заврши европската турнеја со говор во Варшава (Фото: АП)

    Џо Бајден порача дека Владимир Путин не смее да остане на власт во својот говор во Варшава, со кој ја заврши четиридневната европска турнеја, која имаше за цел да ѝ се даде поддршка на Украина. Тој кажа дека Русија ја задавила демократијата и се обидува да го прави тоа и на други места.

    „Денешните борби во Киев, Харкив и Мариупол се последните битки во долга борба. Битката за демократијата не заврши со крајот на Студената војна. Украинците се борат за спас на својата нација и мора да бидеме свесни дека таа битка нема да заврши за неколку дена или месеци. Треба да се подготвиме за долга борба. Мојата порака до украинскиот народ е: ние сме со вас“, изјави Бајден.

    Тој го обвини Путин дека бесрамно лаже кога вели дека сака да ја денацифицира Украина.

    „Со децении сум работел со руските лидери и секогаш отворено и искрено сум му зборел на рускиот народ. Сакам да бидам јасен: рускиот народ не е непријател“, кажа Бајден.

    Кремљ веднаш реагираше на неговата изјава дека Путин не смее да остане на власт.

    „Бајден не решава за тоа, туку исклучиво народот на Руската Федерација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Белата куќа појасни дека Бајден со својата изјава не повикал на промена на режимот во Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира