БАЈДЕН ЌЕ ПОБАРА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКА ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД НЕГОВИОТ МАНДАТ, НО НЕ МОЖЕ ДА ИМ НАРЕДИ

    БАЈДЕН ЌЕ ПОБАРА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКА ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД НЕГОВИОТ МАНДАТ, НО НЕ МОЖЕ ДА ИМ НАРЕДИБајден кажа дека ќе издаде извршна наредба за задолжително носење маска во владините згради (Фото: Ројтерс)

    Новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе побара од Американците да носат маска во првите 100 дена од неговиот мандат со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Ова следува истиот ден кога беше објавено дека бројот на хоспитализирани лица со ковид-19 се искачи на 100.000.

    „Верувам дека ќе има значително намалување на ширењето на коронавирусот ако секој Американец има покриено лице“, изјави Бајден, додавајќи дека ќе нареди да се носи маска во сите владини згради.

    Во САД досега има 14,1 милион заразени и 276.000 починати од ковид-19 и Бајден се подготвува да ја преземе власта додека фармацевтските компании се подготвуваат да испорачаат милиони дози од вакцините.

    „Првиот ден по инаугурацијата ќе побарам од јавноста да носи маска 100 дена. Само 100 дена, не засекогаш. Во комбинација со вакцинирањето, мислам дека така ќе видиме значително намалување на ширењето на заразата“, изјави Бајден.

    Уставните експерти велат дека Бајден нема законска можност да им нареди на Американците да носат маска, додека за федералните згради и имоти може да издаде таква извршна наредба и кажа дека ќе го направи тоа.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира