БАЈДЕН ЌЕ СЕ КАНДИДИРА И НА ИЗБОРИТЕ ВО 2024 И ВЕТИ ДЕКА 200 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ПРИМАТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА 100 ДЕНА

    БАЈДЕН ЌЕ СЕ КАНДИДИРА И НА ИЗБОРИТЕ ВО 2024 И ВЕТИ ДЕКА 200 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ПРИМАТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА 100 ДЕНАСо 78 години, Бајден е најстариот претседател во историјата на САД (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека очекува да се кандидира за претседател и на изборите во 2024 година и постави нова цел со која 200 милиони Американци ќе примат вакцина против ковид-19 во првите 100 дена од неговиот мандат.

    Со 78 години, Бајден е најстариот претседател во историјата на САД и многумина експерти предвидуваа дека ќе остане само еден мандат на функцијата. Но, запрашан на својата прва прес-конференција во Белата куќа дали планира повторно да се кандидира, тој одговори:

    „Мојот одговор е да, планирам повторно да се кандидирам. Тоа е моето очекување“.

    Тој кажа дека ќе биде тешко да се исполни планот американската војска да се повлече од Авганистан до 1 мај и ѝ се закани на Северна Кореја откако таа денеска објави дека лансирала две балистички ракети.

    „Ако изберат ескалација, ние ќе одговориме соодветно. Сепак, подготвени сме за одредена форма на дипломатија, но краен резултат на тоа мора да биде денуклеаризација на полуостровот“, изјави Бајден.

    Пред изборите, Бајден вети дека 100 милиони Американци ќе бидат вакцинирани во првите 100 дена од мандатот, а откако тоа беше исполнето и многу порано, сега постави нова цел.

    „Ја удвојуваме целта и сакаме 200 милиони Американци да примат вакцина за тој период“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира