Американскиот претседател Џо Бајден имаше позитивен тест за коронавирус и е во изолација во Белата куќа. Оттаму кажаа дека 79-годишниот Бајден има благи симптоми и дека ќе продолжи да ги извршува своите обврски.
„Претседателот зема антивирусен лек ‘паксловид‘“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
„Паксловид“ е лек кој го спречува размножувањето на коронавирусот во телото и третманот се состои од две различни таблети.
Првата дама Џил Бајден имала негативен тест.
Бајден има примено четири дози од ковид вакцината, вклучувајќи два бустера.