БАЈДЕН ПРИСТИГНА ВО ЕВРОПА ЗА САМИТОТ НА НАТО, ГО КРИТИКУВААТ ЗА ОДЛУКАТА ДА Ѝ ДАДЕ КАСЕТНИ БОМБИ НА УКРАИНА

    БАЈДЕН ПРИСТИГНА ВО ЕВРОПА ЗА САМИТОТ НА НАТО, ГО КРИТИКУВААТ ЗА ОДЛУКАТА ДА Ѝ ДАДЕ КАСЕТНИ БОМБИ НА УКРАИНАБајден денеска ќе се сретне со британскиот премиер Сунак и кралот Чарлс (Фото: АП)

    Џо Бајден пристигна во Велика Британија во пресрет на самитот на НАТО во Вилнус, што следува откако некои сојузници ја критикуваа неговата одлука да ѝ даде контроверзни касетни бомби на Украина. Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Шпанија се меѓу оние кои изразија загриженост поради оваа одлука, бидејќи касетните бомби се забранети од многу земји оти претставуваат опасност за цивилите.

    Тоа беше тешка одлука, но неопходна, зашто украинските залихи на муниција се намалуваат“, кажа Бајден.

    Бајден денеска ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, кој не го критикуваше Вашингтон директно откако во петокот беше објавена одлуката за касетните бомби. Сепак, во саботата, Сунак потсети дека Велика Британија е меѓу 123 држави кои ја потпишаа Конвенцијата за касетни бомби, со која се забранува нивното производство.

    Касетните бомби распрскуваат голем број мали гелери кои можат да убијат на еден поширок простор. САД кажаа дека добиле писмени уверувања од Киев дека украинската војска нема да ги користи за напади на Русија и урбани области. Ова оружје е дел од новиот пакет американска воена помош вреден 800 милиони долари.

    Бајден ќе се сретне и со кралот Чарлс, а потоа ќе присуствува на самитот на НАТО во Вилнус, кој ќе се одржи утре и задутре. Американскиот претседател кажа дека Украина не може да се надева на членство во НАТО додека трае војната со Русија, но затоа ќе се обиде да ја убеди Турција да ја тргне блокадата од приемот на Шведска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира