БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА Ѝ ДАДЕ БОРБЕНИ АВИОНИ НА УКРАИНА, ФРАНЦИЈА И ПОЛСКА НЕ СЕ ПРОТИВ

    БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА Ѝ ДАДЕ БОРБЕНИ АВИОНИ НА УКРАИНА, ФРАНЦИЈА И ПОЛСКА НЕ СЕ ПРОТИВ„Ф-16“ важат за едни од најсигурните борбени авиони на светот (Фото: Гети)

    Џо Бајден ја отфрли можноста за испраќање борбени авиони „Ф-16“ во Украина откако во изминатите денови повторно почна да се дискутира за ова прашање. Запрашан од новинарите дали САД ќе ѝ дадат авиони на Украина, Бајден кратко одговори: „Не“.

    Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, додека Киев ги притиска западните сојузници за испраќање борбени авиони од четвртата генерација. Франција и Полска навестуваат дека се подготвени да ги задоволат барањата на Украина, при што Макрон вчера кажа дека „ништо не е исклучено кога станува збор за воена помош“. Тој нагласи дека испорака на авиони би зависела од повеќе фактори, како уверување дека тие нема да ја допрат руската почва.

    Ф-16“ важат за едни од најсигурните борбени авиони на светот и ги користат и други земји, како Белгија и Пакистан. Тие би биле значајно надградување на украинската воена авијација, која и натаму ги користи советските авиони направени пред Украина да прогласи независност пред повеќе од 30 години.

    И германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ја отфрли можноста за испраќање борбени авиони во Украина, истакнувајќи дека НАТО не е во војна со Русија и нема да дозволи таква ескалација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира