БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА ПЛАНИРА ДА СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД ВО 2024

    БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА ПЛАНИРА ДА СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД ВО 2024Бајден вели дека уште не се подготвени да ја објават кандидатурата (Фото: АП)

    Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, кажа дека планира да се кандидира на изборите во 2024, но сè уште не е подготвен да го објави тоа.

    Планирам да се кандидирам, но уште не сме подготвени да го објавиме тоа“, изјави 80-годишниот Бајден во интервјуто за Ен-Би-Си.

    Тој додаде дека има намера да биде кандидат на Демократската партија и да влезе во трката заедно со потпретседателката Камала Харис. Повикувајќи се на неколку неименувани извори, Ен-Би-Си соопшти дека главните советници на Белата куќа треба да донесат конечни одлуки за лансирањето на кандидатурата на Бајден.

    Делот со одлучувањето е завршен, но тој не сака да биде изложен на притисокот да објави што одлучил“, кажа еден извор.

    Роберт Кенеди Џуниор, синот на убиениот Роберт Кенеди и гласен противник на вакцинирањето, веќе најави дека ќе го предизвика Бајден за номинацијата на Демократите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира