БАЛОНИ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ГО ЗАТВОРИЈА АЕРОДРОМОТ ВО ВИЛНУС

    БАЛОНИ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ГО ЗАТВОРИЈА АЕРОДРОМОТ ВО ВИЛНУСЛитванија ја обвини Белорусија за инцидентот (Фото: АП)

    Литванија привремено го затвори аеродромот во Вилнус откако десетици балони со кои се шверцуваат цигари влегле во воздушниот простор на земјата, објави Националниот центар за управување со кризи. Прекинот траел осум часа, поради што биле откажани 30 летови, што погодило околу 4.000 патници, кажаа од аеродромот.

    „Работата на аеродромот беше прекината поради метеоролошки балони со кои се шверцуваат цигари од Белорусија. Поради ова беше затворена и границата со Белорусија“, објави центарот, додавајќи дека првичната истрага утврдила дека балоните не биле пуштени од едно место.

    Литванската премиерка Инга Ругиниене ја обвини Белорусија за инцидентот.

    „Побарав од сите во владата да излезат со конкретни решенија. Мора да преземеме нешто. Многу би сакала Белорусија да преземе одговорност за овие инциденти“, рече Ругиниене.

    Ова не е прв ваков инцидент со кој се соочи Литванија. Аеродромот во Вилнус беше привремено затворен и на 5 октомври поради балони за шверц на цигари. Тогаш биле пронајдени 11 балони со 18.000 кутии цигари од црниот пазар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира