Барселона ќе забрани пристап во сообраќајот преку работната недела на сите возила постари од 20 години, со цел да ги намали штетнитe емисии до 30% за 15 години.
Мерката, заедничка иницијатива на Градскиот совет, Каталонската влада и останатите органи на метрополата, ќе стапи во сила на 1 јануари 2019 година, вклучувајќи ја Барселона и 39 соседни општини.
Според условите на договорот, во шпанскиот град ќе биде забрането возење во работни денови со приватни возила регистрирани пред јануари 1997 година и комбиња регистрирани пред октомври 1994 година.
Иако забраната не стапува во сила уште две години, управувањето со овие возила ќе биде забрането уште од 1 декември годинава, за време на периодите на високо загадување на воздухот.
Според Градскиот совет, мерката се очекува да вклучи 106,000 автомобили, што е 7% од вкупниот број автомобили во областа, како и 22,000 камиони (16%).