БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ, ФЛОРИДА ЌЕ ЈА ПОГОДАТ БРАНОВИ ОД 4,5 МЕТРИ, ИЗЈАВИ ГУВЕРНЕРОТ РИК СКОТ

    БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ, ФЛОРИДА ЌЕ ЈА ПОГОДАТ БРАНОВИ ОД 4,5 МЕТРИ, ИЗЈАВИ ГУВЕРНЕРОТ РИК СКОТОколу 6,3 милиони жители на Флорида добија наредба да се евакуираат (Фото: Ројтерс)

    Гувернерот на Флорида, Рик Скот, упати драматичен апел до своите сограѓани да ја почитуваат наредбата за евакуација, како што ураганот Ирма се доближува до брегот на оваа сојузна држава. Ваква наредба е издадена за 6,3 милиони луѓе, што е една од најмасовните евакуации во историјата на САД.

    „Ако ви беше наредено да се евакуирате, мора да заминете веднаш. Не чекајте! Не вечерва, не за еден час, веднаш! Ова е ситуација опасна по живот. Нашата држава досега нема видено вакво нешто. Ако до пладне не сте тргнале на пат, не ни тргнувајте“, изјави Скот.

    Ирма удри на Куба како ураган од категорија 3, но се очекува значително да се засили кога ќе тргне на север, кон западниот брег на Флорида.

    „Има големи материјални штети. Некои градови на северниот брег се под вода“, кажа еден жител на Куба.

    Властите на Девствените Острови потврдија дека таму има шестмина загинати во налетот на Ирма.

    Според Скот, прогнозите за југозападниот брег на Флорида и за Тампа се се полоши.

    „На некои места брановите би можеле да достигнат височина и до 4,5 метри. Тоа е силно уништувачки и смртоносно и може да ви ги прекрие куќите“, кажа Скот.

    Се очекува ураганот Ирма да удри на Флорида утре околу 16 часот по македонско време.

    Властите објавија дека некои области со денови би можеле да бидат без електрична енергија, додека банкоматите во југоисточна Флорида уште во петокот беа испразнети.

    Бидејќи набргу по Ирма доаѓа Хосе, ова е првпат во историјата да се спојат два урагана со ветрови од над 250 километри на час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира