БЕГАЛЦИТЕ ШТО ЛЕТАЛЕ КОН САД СЕ СТАВЕНИ ВО ПРИТВОР ПО НАРЕДБАТА НА ТРАМП ЗА ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Вашингтон(Њујорктајмс)

    БЕГАЛЦИТЕ ШТО ЛЕТАЛЕ КОН САД СЕ СТАВЕНИ ВО ПРИТВОР ПО НАРЕДБАТА НА ТРАМП ЗА ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ

    Извршната наредба на претседателот Трамп за затворање на границите на САД стапи на сила во петок навечер. Бегалците кои веќе беа на лет за време на потпишувањето на наредбата, биле ставени во притвор на аеродромите на кои слетале.

    Наредбата на Трамп, со која се забранува влез во САД за 120 дена, создаде правно лимбо за сите што беа на пат за САД и паника за семејствата кои ги пречекуваа.

    Оваа наредба го прекинува доаѓањето на бегалците од Сирија за неопределено време и ги затвора вратите на САД за период од 90 дена за седум држави со муслиманско мнозинство, кои се претпоставува дека се поврзани со тероризам. Овие земји се: Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.

    Не се знае колку бегалци и емигранти се задржани во моментот низ целиот свет под моќта на новата наредба на американскиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира