БЕКТАШКИТЕ МУСЛИМАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ СВОЈА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА ВО ТИРАНА НАЛИК НА ВАТИКАН, КАЖА ЕДИ РАМА

    БЕКТАШКИТЕ МУСЛИМАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ СВОЈА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА ВО ТИРАНА НАЛИК НА ВАТИКАН, КАЖА ЕДИ РАМАРама кажа дека целта на овој потег е промовирање на умереност, толеранција и мирен соживот (Фото: АП)

    Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ќе му даде статус на суверена држава на исламскиот суфиски ред Бекташи во Тирана заради промовирање на умереност, толеранција и мирен соживот.

    Зборувајќи во Обединетите нации, Рама истакна дека Албанија спасила еврејски бегалци за време на Втората светска војна и згрижила Авганистанци по враќањето на талибанците на власт пред три години.

    „Албанците исто така се горди што на светот му ја дадоа Мајка Тереза, која е отелотворение на љубов и човечност. Таа ни кажа дека не можат сите да прават големи работи, но можеме да правиме мали работи со многу љубов. Тоа е нашата инспирација за трансформацијата на Светскиот бекташки ред во независна држава во нашиот главен град Тирана“, кажа Рама.

    Околу 50% од населението во Албанија се муслимани, а голем дел од остатокот се католици и православци. Десетина отсто од муслиманите во земјата се бекташи, според последниот попис.

    Засега е нејасно како овој ред законски би добил независност.

    „Ваквиот потег има за цел да го признае Бекташкиот ред како независна, самоуправна држава, налик на Ватикан. Државјанство би добиле само високите религиозни членови и поединците вклучени во управувањето со државата“, објави редот.

    Бекташкиот ред потекнува од 13. век, а се здобил со политичко значење во 15. век. По основањето на Турската Република, седиштето на бекташката заедница се преселило во Албанија, каде што се вклучила и во политичкиот живот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира