БЕЛАТА КУЌА ОДБИ ДА СОРАБОТУВА ВО ИСТРАГАТА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП

    БЕЛАТА КУЌА ОДБИ ДА СОРАБОТУВА ВО ИСТРАГАТА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМПБелата куќа ја опиша истрагата против Трамп како партиска и неуставна (Фото: АП)

    Белата куќа и официјално одби да соработува во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Таа испрати писмо до лидерите на Демократите во кое се вели дека истрагата е неоснована и уставно невалидна.

    Три комитети на Претставничкиот дом, во кој мнозинство имаат Демократите, почнаа истрага против Трамп, со цел да се утврди дали тој вршел притисок врз Украина да отвори антикорупциска истрага за Џо Бајден, еден од кандидатите за претседател.

    Во писмото на осум страници, Демократите се обвинуваат дека „почнале истрага без да се гласа за тоа, со што ги нарушиле правото на праведност и уставно овластениот процес“.

    „Со цел да ги исполнат своите обврски кон американскиот народ, претседателот Трамп и неговата администрација нема да земат учество во вашата партиска и неуставна истрага“, се вели во писмото.

    Писмото на Белата куќа уследи откако администрацијата на Трамп го блокираше појавувањето на американскиот амбасадор во Европската Унија, Гордон Сондленд, пред комитетите кои ја водат истрагата.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира