БЕЛАТА КУЌА ПЛАНИРА ДА ГО ЗАМЕНИ ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ТИЛЕРСОН СО ШЕФОТ НА ЦИА

    БЕЛАТА КУЌА ПЛАНИРА ДА ГО ЗАМЕНИ ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ТИЛЕРСОН СО ШЕФОТ НА ЦИАИма големи несогласувања со Трамп околу надворешната политика. - Рекс Тилерсон (Фото: АП)

    Белата куќа планира да го замени државниот секретар Рекс Тилерсон со Мајк Помпео, јавуваат американските медиуми и претседателот Доналд Трамп неубедливо го демантираше тоа.

    „Тој е овде, Рекс е овде“, им одговори Трамп на новинарите.

    Сличен одговор дојде и од Стејт департментот:

    „Господинот Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот и во овој момент нема најави за смени во персоналот“.

    Познато е дека Тилерсон има несогласувања околу надворешната политика со Трамп, кого наводно во приватен разговор го има наречено „морон“. Нивните размислувања особено се разликуваат околу пристапот кон севернокорејското прашање и кон нуклеарната програма на Иран.

    Две официјални лица од Белата куќа ѝ потврдиле на агенцијата АП дека за овој план се дискутира и дека промената ќе биде извршена идниот месец или најдоцна во јануари.

    Мајк Помпео е актуелниот директор на ЦИА, каде што се очекува да биде заменет со републиканскиот сенатор Том Котон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира