БЕЛАТА КУЌА ПОДГОТВУВА ПЛАН ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА

    БЕЛАТА КУЌА ПОДГОТВУВА ПЛАН ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈАОткако се врати во Белата куќа, Трамп ја промени американската политика кон Русија и воспостави директен контакт со Путин (Фото: Гети)

    САД подготвуваат план за можно олеснување санкции за Русија, додека Доналд Трамп се обидува да ги подобри односите со Москва и да ја заврши војната во Украина, изјавија двајца американски функционери.

    Белата куќа побарала од Стејт департментот и министерството за финансии да состави листа на санкции што би можеле да бидат олеснети, за што американски и руски функционери би разговарале во следните денови. Ова е дел од пошироките разговори со Москва за подобрување на економските и дипломатските односи.

    Еден извор изјави за „Ројтерс“ дека службите сега составуваат предлог за укинување санкции за одредени субјекти и поединци, што вклучува и некои руски олигарси. Засега е нејасно што би барал Вашингтон за возврат за олеснувањето на санкциите.

    Русија е еден од најголемите производители на нафта на светот и ако САД ги ублажат санкциите за нејзиниот енергетски систем, тоа би можело да помогне да се спречи раст на цените на нафтата ако Трамп го запре извозот на нафта од Иран.

    Кремљ минатата година кажа дека односите со САД се „под нулата“ додека демократската влада на Џо Бајден продолжуваше да ѝ дава воена помош на Украина. Откако се врати во Белата куќа, Трамп ја промени американската политика кон Русија и воспостави директен контакт со Владимир Путин. Трамп во јануари се закани дека ќе ги засили санкциите ако Путин не сака да преговара за крај на војната во Украина, но од неговата влада сега отворено признаваат дека се работи на нивното ублажување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира