БЕЛГИЈА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ СО ВКУСОВИ ОД 2028

    БЕЛГИЈА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ СО ВКУСОВИ ОД 2028Министерот за здравство Ванденбрук ја образложи мерката како директен обид за намалување на зависноста кај младите. (Фото: Гети)

    Белгиската федерална влада одобри забрана за ароматизирани електронски цигари, при што од септември 2028 година на пазарот ќе бидат дозволени само електронски цигари со вкус на тутун или без вкус.

    Министерот за здравство Франк Ванденбрук ја образложи мерката како директен обид за намалување на зависноста кај младите.

    „Сакаме да го заштитиме здравјето на нашите деца и млади и да спречиме нова генерација да стане зависна од тутунот“, изјави тој.

    „Со своите привлечни вкусови, електронските цигари намерно се дизајнирани да ги привлечат младите кон пушењето. Тоа е неприфатливо и мора да запре“, кажа тој, додавајќи дека „вајп“ цигарите се изум на криминална индустрија“ која ги прикрива штетните супстанции зад вкусови како „мента, јаболко, пуканки или малина“.

    Оваа мерка ја усогласува Белгија со Холандија, која веќе дозволува само електронски цигари со вкус на тутун.

    Истражување на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ) во Холандија покажува дека политиката има ефект: речиси две петтини од корисниците ја намалиле употребата, додека повеќе од една петтина целосно се откажале.

    Одлуката на Белгија следува по препораката од ноември 2025 на Високиот здравствен совет, кој повика на значително ограничување на дозволените вкусови, ставајќи ја заштитата на младите пред преференциите на возрасните.

    Забраната се надоврзува на претходните мерки. Белгија беше првата земја во ЕУ што ги забрани еднократните електронски цигари на крајот од 2024 и ги заостри правилата за тоа каде е дозволено пушење и користење електронски цигари, како дел од поширока стратегија за создавање „генерација без чад“ до 2040. По нејзиниот пример тргнаа и други земји од ЕУ, при што Словенија веќе воведе слична забрана за вкусови во мај 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира