БЕРГАМО ПРОГЛАСИ ПОБЕДА – ПО 137 ДЕНА ВЕЌЕ НЕМА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

    БЕРГАМО ПРОГЛАСИ ПОБЕДА – ПО 137 ДЕНА ВЕЌЕ НЕМА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19Медицинските лица од болницата „Папата Јован Тринаесетти“ конечно можат да облечат нормални униформи

    Болницата „Папата Јован Тринаесетти“ во Бергамо, која важеше за најголемиот оддел за интензивна нега во Европа, вчера го отпушти и последниот пациент со ковид-19. На тој начин, по цели 137 дена, во болницата веќе нема лица кои се лекуваат од коронавирусот.

    „Извојувавме победа. Отпуштањето на последниот пациент беше проследено со многу емоции. Конечно сите медицински лица можат да облечат нормални униформи, зашто одделот за интензивна нега е ослободен од ковид-19. Одделот од денеска може да се посвети на пациенти со други патологии“, изјави генералната директорка на болницата, Марија Беатриче Стази.

    Бергамо и северниот италијански регион Ломбардија беа првото големо жариште на коронавирусот во Европа и болницата „Папата Јован Тринаесетти“ го прими првиот пациент на 23 февруари. Само во Бергамо имаше околу 6.000 жртви на ковид-19, а во најкритичните денови, 100 пациенти истовремено беа приклучени на респиратори и за нивните животи се бореше персонал од 400 медицински лица.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари