БЕРЛУСКОНИ Е В БОЛНИЦА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

    БЕРЛУСКОНИ Е В БОЛНИЦА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГАСостојбата на 86-годишниот Берлускони моментално е стабилна (Фото: Анса)

    Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони утрово е примен во болница во Милано поради кардиоваскуларни проблеми, објави агенцијата „Анса“, повикувајќи се на свои извори. Тој се наоѓа на одделот за интензивна нега откако се пожалил на проблеми со дишењето.

    Состојбата на 86-годишниот Берлускони моментално е стабилна.

    Ова е последниот во низата здравствени проблеми за Берлускови во изминатите години, а од истата болница бил пуштен пред само една недела.

    Берлускони на голема врата се врати во италијанската политика на последните парламентарни избори, по кои неговата партија Напред Италија стана дел од владејачката коалиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира