БЕРНИ САНДЕРС ОПЕРИРАН ОТКАКО ПРЕТРПЕЛ СРЦЕВ УДАР

    БЕРНИ САНДЕРС ОПЕРИРАН ОТКАКО ПРЕТРПЕЛ СРЦЕВ УДАРСандерс најави дека за кратко време ќе ја продолжи кампањата (Фото: Гети)

    Демократскиот претседателски кандидат Берни Сандерс бил итно опериран откако претрпел срцев удар, потврдија од неговата кампања.

    Седумдесет и осумгодишниот сенатор беше примен во болница во вторникот откако се пожалил на болки во градите за време на митингот во Невада и лекарите морале да го оперираат за да му отстранат блокада од артериите.

    Сандерс кажа дека се чувствува добро додека вчера ја напушташе болницата. Неговите лекари изјавија дека му биле вградени два стента.

    „Станува збор за минимална инвазивна процедура, која не бара долго заздравување“, соопштија од Националниот институт за срце, бели дробови и крв на САД.

    „По кратка пауза, планирам да ја продолжам кампањата. Сега се чувствувам многу подобро“, изјави Сандерс, додавајќи дека ќе земе учество во следната телевизиска дебата на демократските кандидати, закажана за 15 октомври.

    Ако победи на изборите, Сандерс со 79 години ќе биде најстар претседател во историјата на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира